Покрај тоа што високата мода е кулминација во модното творештво, друга нејзина уникатна страна е што им овозможува на дизајнерите да бидат бескрајно креативни и авангардни во оживувањето на своите фантастични замисли, луксуз кој вообичаено не си го дозволуваат кога ги создаваат ready to wear колекциите.
На последната Париска недела на висока мода можевме да уживаме во уметничките дела кои со својот сензибилитет се толку блиску до музејските поставки, што можеби едниствено нешто што ги разликува е начинот на презентација.
Облагородувањето на креациите со модните детали, дава особена тежина на целосната композиција. Дизајнерите комуницирале со својата најдлабока фантазија и не се штеделе во инвентивноста на модните додатоци. Орнаментално декорирање видовме во различни форми, од кристалните маски на Maison Martin Margiela до архитектонските скулптури на високите потпетици од Кристијан Диор.
Предимензионираниот накит даваше една нова димензија, дури и дисбаланс во целосната слика, целосно окупирајќи го вниманието блескавите орглици, луксузните обетки и брошеви. Во вамп шоуто на Жан Пол Готје, „мрачната“ слика ја прекршуваше златниот сјај на накитот, додека пак накитот на Версаче создаде футуристичка верзија на геометриските форми.
Крзнените додатоци ги видовме во повеќе варијанти: од типични неутрални бои до колорни крзнени верзии на шаловите или пак слоевитата релјефна игра со крзнените ракавите како во случајот на Скјапарели.
Но, покрај шапките во скуптуларни форми, чевлите со високи платформи, перјестите детали, широките ремени околу струк и женствените марамите врзани во панделка на главата, сепак ултимативен детаљ кој доминираше како во однос на различните колекции така и во изборот на варијанти, беа ракавиците. Дамски, длабоки до лактиците, двослојни со комбинација на материјали или кратки моторџиски без прсти, ракавиците беа заедничкиот пресек на колекциите на големите куториери Диор, Армани, Скјапарели, Шанел...