Избраните среќници се дел од финалето за една од најпрестижните модни награди која на победникот ќе му обезбеди шанса за пласирање рамо до рамо со светски познатите дизајнерски имиња.
Имињата на финалистите беа објавена на свечена вечера организирана во ресторанот „The Oculus“, а победникот исто така ќе добие и парична награда во износ од 300. 000 долари. Годинешните финалисти се: Брет Хејман, Даниел Кориган и Џејк Сергент, Ева Зукерман, Гиги Бурис, Метју Орли и Саманта Флоренс, Натали Леви и Грант Крајецки, Пол Ендру, Рајан Роша, Тања Тејлор и Вес Гордон.
Избраните финалисти треба да поминат уште неколку тестови, меѓу кои е и претставувањето на модна недела во Лос Анџелес во октомври. Победникот ќе биде објавен на свечена манифестација на 3 ноември.