Модното шоу „Project Runway“ односно „Проект писта“, повторно има Еми - номинација за најдобро телевизиско реално шоу за 13-тата сезона. Во сите сезони речиси имале одличен рејтинг и секогаш одличен избор на ѕвезди во жирито. Но, она што не оди најдобро веќе 13 години е пронаоѓањето на успешна дизајнерска приказна. Странските медиуми забележуваат дека, од сите досегашни изданија, не постои вистинска животна приказна, која обичен човек ќе го вивне во врвот на модниот свет, приказна што ќе зазвучи како модна бајка.
А тоа е и целта на шоуто. Жири комисијата има мисија да открие нова модна ѕвезда, некој што ќе ги следи стапките на големите модни имиња како Келвин Клајн, Ралф Лорен, или Дона Каран... Така, низ шоуто се провлекоа дизајнери на костими, домашни шивачи, тукушто дипломирани студенти, сопственици на бутици, асистенти... Илјадници луѓе чекаат на аудиција за шотуо, со нивните портфолија, подготвени да одговорат на прашањето: Зошто ти треба да бидеш следното големо дизајнерско име на Америка?
Од сите победници, најмногу успеа да се издигне Кристијан Сиријано, кој победи во четвртата сезона од шоуто, во 2008 година. Тој се издвои благодарение на специфичната фризура, речникот и секако талентот. Освен модно шоу, после победата тој издаде книга, беше дел од серијата „Грдата Бети“, а учествуваше и на модната недела во Њујорк, каде што беше добро прифатен.
„Првиот клуч кон успехот е луѓето да носат ваш дизајн сезона за сезона. Лесно е да намамите купувач еднаш. Но, да го натераш да се врати пак... Не смееш да си дозволиш да имаш една успешна сезона, а следната да биде катастрофа“, вели Сириано.
Сепак, и покрај скромните, но сепак видливи успеси на Сириано, тој сепак е далеку од она што шоуто го има за цел при прогласувањето на победникот. Можеби грешката треба да се бара што во „Проект Писта“ никогаш убаво не ја прикажаа приказната за триумф, што значи да си дел во модната индустрија денес, зошто е толку тешко да се успее...
Судиите Мајкл Корс (кого сега го заменува Зак Посен), Хајди Клум, уредничката Нина Гарсија си ја сфатија работата сериозно, како и Тим Ган кој ја врши улогата на ментор. Сепак и покрај професионалноста, сјајот на шоуто опадна, а и гледаноста и тоа за половина.
Една од причините е неможноста шоуто да го испони она што се очекува од него. Дали се работи за нереални очекувања, или се уште не го откриле талентот што ќе ја направи нивната мисија успешна, останува под знак прашалник. И после неуспесите, и разочарувањата на победниците, постои ли потреба се уште да се емтиува?