Бијонсе во бомбастичен моден микс за магазинот на Карин Ројтфелд

29 август 2014

Кога сите мислеа дека модниот магазин на Карин Ројтфелд нема да успее, таа смисли и повеќе од квалитетна стратегија како да ги освои читателите.

За петтото септемвриско издание на својот магазин, Ројфелд со причина ја избра дивата Бијонсе која покрај насловната ги краси и страниците од внатрешноста преку оригинален едитеријал во кој покрај „Queen B“ стојат и потписите на врвни дизајнерски имиња чии креации таа ги носи на најшармантниот начин.

 

Ова е прва соработка на Карин со Бијонсе, која ја избра вистинската ѕвезда што несомнено привлекува внимание што и да направи. Едиторијалот е изработен од фотографот Пјер Дебусчер, под креативно раководство на Рикардо Тиши.  Од фотографиите ќе погледнете ултра-уникатни креации кои се дело на Comme des Garcons, Сен Лоран, Прада, како и парчиња од спортската етикета Најк, креации кои ги потпишува Рикардо Тиши. Секогаш оригинална, така и овој пат покрај креациите пејачката воодушевува и со оригиналната фризура од најдолгите екстензии кои буквално се до нејзините стапала.

Покрај креативните фотографии, Бијонсе придонесе и со своја идеја, така што како легенда до фотографиите стојат и текстовите од нејзините најнови песни. Погледнете!

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Актуел