Првите фотографии од венчаницата на Анџелина Џоли - креација на Ателје Версаче

2 септември 2014

Прекрасната Анџелина Џоли и нејзиниот, сега веќе сопруг, Бред Пит отсекогаш велеа дека ќе се венчаат тогаш кога нивните деца ќе го посакаат тоа.

На 23 – ти Август, тие им ја исполнија желбата на нивните шест прекрасни наследници и се венчаа во фасцинантниот Chateau Miraval во магичната Франција.

Конечно, по неколку дена тајност, во печатеното издание на магазинот Пипл излегоа и првите фотографии од фустанот на прекрасната актерка, а истиот изгледа како излезен од бајките.

Станува збор за сосема едноставна креација на Ателје Версаче изработена од висококвалитетен сатен со тенки прерамки, со набори во делот на деколтето и лежерно пуштен од половината надолу.

Најубавиот и најемотивен дел е дефинитивно велот на прекрасната актерка што е целосно покриен со цртежи од нејзините слатки дечиња и истиот дефинитивно изгледа неодоливо.

Честа да ја направи креацијата за една од најплатените и најпознати актерки на светот му припадна на еден од најдобрите кројачи во светот, дел од тимот на Версаче, Луиџи Маси.

„Луиџи за мене е како семејество и не можев да замислам било кој друг да ми ја направи венчаницата. Тој го познава целото мое семејство, а особено ги сака моите деца, па воопшто не му беше тешко заедно да создадат нешто толку совршено за мене“, изјави за магазинот Пипл 39 – годишната актерка.

Откако Луиџи го направил фустанот, тој рачно ги аплицирал цртежите на нејзините деца по површината на долгиот вел и на долниот, заден дел од фустанот.

Во однос на шминката и фризурата, како и секогаш, актерката изгледаше сосема нежно со минимална шминка и коса собрана во едноставна пунџа.

Бред Пит пак, изгледаше навистина прекрасно во едноставниот црн костим за кој ќе каже дека веќе го имал во неговиот плакар, а особено интересно било тоа што тој си ја заборавил вратоврската, па морал да позајми една од неговите синови.

На една од ексклузивните фотографии што беа објавени во магазинот Пипл, може да се види прекрасното семејство на една од најубавите холивудски двојки кои изгледаат посреќно од кога и да е!

Објавено:
2 септември 2014
Категорија: 
Сцена