Откако го стави своето име на модните додатоци како накит и очила за сонце, популатнта „It“ девојка Оливија Палермо оваа година имаше прилика истото да го направи и со дизајнирање на обувки. Таа чест и ја овозможи италијанскиот моден бренд Aquazzura, кои на популарната стилска икона и овозможија да дизајнира капсулна колекција обувки. На Палермо и е добро познато дека на жените најголем фетиш им се чевлите, па’ затоа се потруди тие да изгледаат неодоливо и примамливо за сите женски вкусови.
Низ нашите претходни содржини објавиме дел од официјалната промоција на дел од моделите, а од продолжение имате можност да ја погледнете најновата рекламна кампања во која Оливија позира во неколку чифта од колекцијата.
Сите модели веќе се ставени на продажба на Net-a- Porter. Уживајте дополнително од фото- галеријата каде ќе сретнете неодоливи модели наменети за секоја сезона од годината.