Модниот портал Buro 24/7 во рамки на модната недела во Париз во присуство на бројни познати личности, организираше забава на која беше означен почетокот на иницијативата за поддршка на млади дизајнери под името „Fashion Forward Iniative“.
Организатори на свечениот коктел во чест на младите дизајнери, беа основачката на модниот портал, Мирослава Дума, Каролин де Магрет, Мелвин Чуа и Ким Кардашијан.
Токму на таа забава одржана во срцето на Париз, се означи почетокот на глобалната иницијатива под капата на модниот портал Buro 24/7 чиј тим многу наскоро ќе ѝ претстави нови млади таленти на модната индустрија.
Дел од забавата беа многу познати личности кои уживаа во новоотворениот хотел Пенинсула во Париз, меѓу кои и Наталија Водјанова, Ана дело Русо, Канје Вест, дизајнерот Џамбатиста Вали, Кендал Џенер и многу други.
Одличниот проект на модниот портал ќе продолжи во текот на следните модни недели, каде ќе бидат презентирани по еден млад дизајнер одбран од многуте од страна на меѓународно жири.
На забавата беше презентирана и дел од колекцијата на креативната Наталија Алавердјан и нејзиниот бренд A.W.A.K.E што на јавноста за прв пат и беше презентиран во 2012 – тата година.
Како млад дизајнер и неверојатно стрит стајл откритие, Наталија денеска пишува и за некои од највлијателните модни магазини ширум светот, а нејзините колекции може да се најдат во поголемиот дел од светските трговски центри.