За претстојната зима одберете капути на врзување
•
1 октомври 2014
Заборавете на копчињата. Претстојната зимска сезона „ин“ ќе бидат предимензиоанлните капути кои потсетуваат на моделите од седумдесеттите години. Убавината на овој модел е дека нуди комформност, особено моделите чија должина е до или под колената.
Капутите на врзување одлично се вклопуваат како за елеганти, така и за кежуал прилики. Во комбинација со патики, фармерки и капа го доловуваат гранџ стилот, а исто така овој модел е совршен за слоевито облекување.