Изложба на шапки од легендарната Ана Пјаџи во Милано

4 јули 2013

Ана Пјаџи, незаборавниот италијански моден новинар и модна икона, почина минатата година во месец август на 81 година. Пјаџи најмногу ја отсликуваа ексцентричните шапки и сината коса, а голем дел  оние што ги поседувала ќе бидат изложени во месец септември во рамките на следната миланска модна недела.

 

Изложбата ќе го носи насловот 'Hat-ology' а како организатор и куратор на истата е дизајнерот на шапки Стивен Џонс. Инаку, ова нема да биде прв пат како се изложуваат шапките на Пјаџи, во 2006 година беа изложени во музејот „Викторија и Алберт“.Познавачите на нејзината кариера и приватен живот велат дека новинарката поседувала 2865 брандирани фустани и 265 пара чевли, а нејзиниот стил беше инспирација за колекцијата есен-зима 2012 на Луј Витон.

Пјаџи почна како моден новинар во 60-тите години, како уредник на „Ариадне“, првото списание во Италија наменето за жени. Потоа, помагаше и во италијанското издание на „Вог“, а има издадено и книга, „Модна алгебра“. Сепак, тоа по што ќе остане запаметена е нејзиниот уникатен стил. Најпрепознатливи секако ќе останат нејзината сина коса и необичните шапки.

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци