Авангардна мистичност во новата кампања на Coded Edge

22 септември 2014

Во пресрет на новото издание на Perwoll на која Coded Egde ќе се претстават со нова колекција, брендот лансираше кампања за актуелната колекција „Empyreal“. Во препознатлива естетика во чиј фокус е токму црната боја, основата за кампањата е поврзана со периодот на 14 век. Црната боја се смета како симбол за моќ, достојност, понизност и уметност и била знак за препознатливост во европските дворци од Италија до Англија.

Инспирирани од значењето на бојата, брендот ја создаде колекцијата „Empyreal“ во која доминираат предимензионални качулки, авангардни елементи и впечатливи кожени детали. Во голем дел од кампањата накитот ја комплетира целата колекција. Заштитно лице на новата кампања за колекцијата есен-зима 2014/15 е моделот Ивана Солар, а за шминката се потпишува Петра Север.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Фото галерија