Еден од омилените зимски додатоци се капите, кои можат да се најдат во сите облици. Капите веќе одамна не се само заштита од студенилото, туку и моден детаљ со кој го дополнуваме и истакнуваме нашиот стајлинг.
Но, најчестата причина поради кои жените се одлучуваат да не носат капа, иако би сакале, е тоа што не можат да ја усогласат фризурата и косата откако ќе ја симнат капата им е несредена или „сплескана“.
Кога носите капа и во затворен простор, а притоа не сакате да ја симнете од главата, добар пример за тоа како треба да изгледате и Бијонсе. Под волнената капа, пејачката ги стилизираше прамените со помош на опавче на страна, испрекинато со две ластичиња.
Тоа е еден од начините.
Стилот кој соодветствува на секоја должина на коса со капа, се уредно исчешлани предни прамени и сместени зад увото. Во овој случај капата едноставно навлечете ја одозгора преку ушите и косата, а прамените оставете ги слободно да паѓаат.
Ако се одлучите за кадрава коса и капа, тогаш нема потреба да ја „виткате“ косата од коренот. „Сплесканата“ коса под капата е речиси неизбежна последица, па според тоа, кадрици обликувајте само од должината на увото, па кон врвовите.
Доколку опавчето е вашиот избор, основен совет е неговата позиција да биде таква да не пречи на работ на капата. Со опавчето можете да си играте - да го наместите на една страна па да го врзете со ластичиња како Бијонсе. Во овој случај кусите предни прамени поставени по должина на лицето, изгледаат мошне ефективно.
Долгата, пуштена коса е најдобро да се стилизира на тој начин што прамените ќе ги сместите до лицето и со капата ќе го прекриете само врвот на главата држејќи ја над ушите.
Разбушавена плетенка или внатрешна плетенка од едната страна е една од најбрзите фризури кои соодветствуваат на секој облик на капа.
Во продолжение погледнете го и туторијалот на оваа тема.