Патувањата дефинитивно се многу возбудливи, но пакувањето за истите знае да биде по малку напорно. Ова е период од годината кога има многу празници, па отворени ни се сите можности за патување. Се чини дека, што пократко е патувањето, толку е потешко да се спакувате. Токму затоа, прочитајте ги овие неколку совети и олеснете си го пакувањето оваа сезона!
1.Торба
Покрај куферот, секогаш носиме и торба што дефинитивно треба да се искористи што е можно подобро. Работите како Ајпад, фотоапарат и останати техники, помали козметички торбички, накит, па дури и долна облека можат без проблем да се најдат во таа торбичка. Изберете некоја доволно голема за да ви собере се, а сепак да не ви пречи при патувањето.
2.Со црната боја, никогаш не можете да погрешите
Ние веруваме дека во вашиот плакар има барем едно парче во интересна боја што не ви одговара баш на секоја комбинација и токму тоа парче, кое иако ви е омилено, не мора да го земете со вас. Одберете парчиња во некоја неутрална, црна боја, што ќе можете да ги комбинирате буквално со се.
3.Размислувајте рационално!
Најдебелиот капут или јакна или масивните чизми за скијање, облечете ги на вас за време на патувањето за истите да не ви одземат многу простор во куферот.
4.Сложување на облеката
Што поуредно и попрецизно ќе ја сложите облеката, толку повеќе место ќе имате, иако знаеме дека понекогаш сакате само да фрлите се во куферот и да излезете низ врата. Кога ќе ја спакувате целата облека, празните места пополнете ги со ситниците што се одлучивте да ги понесете.