...И тоа не само еден. Модната куќа „Диор“ одлучи да ангажира седум уметници од САД и Британја што ќе направат иновативна реинтерпретација на најпознатата чанта „Лејди Диор“.
Проектот #DiorLadyArt започна уште во јуни со лимитираната колекција на чанти на Квин, по повод отворањето на нова продавница на брендот во Лондон. Со оглед на добрите резултати, тимот на „Диор“ одлучи да го прошири проектот. Тие ангажираа уметници за чии слики сметаа дека можат да се реализираат на чантите и модните додатоци.
Мет Колишев, Јан Давенпорт, Даниел Гордон, Крис Мартин, Џејсон Мартин, Метју Портер и Марк Квин се уметниците што ја создадоа лимитираната едиција „Диор Лејди Арт“, која ќе биде лансирана на 29-ти ноември во Мајами.
Освен чантите, се направени и несесери и приврзоци за клучеви/чанти.
Во продолжение ви претставуваме дел од колекцијата:
Крис Мартин 5.700 долари
Даниел Гордон - 11.500 долари
Јан Давенпорт - 5.700 долари
Џејсон Мартин - 5.900 долари
Марк Квин - 5.800 долари
Марк Квин - 5.800 долари
Мет Колишев - 4.900 долари
Метју Портер 6.000 долари
Метју Портер - 6.000 долари