Зара лансираше интересни модели на чизми до глужд

13 октомври 2014

Скапите дизајнерски парчиња за многумина претставуваат неостварен сон, но затоа понудата на голем број модни брендови од сезона во сезона е се побогата во однос на формата, дизајнот и квалитетот. Еден од тие брендови е Зара, кој за оваа есенска сезона понуди десет интересни модели на чизми до глужд, инспирирани од дизајнерските модели кои можевме да ги видиме во текот на модните недели.

Од десетте модели кои ги понуди Зара може да одберете чизма со стабилна пета за дневен изглед или пак фантастичниот модел со животински принт, кој совршено се комбинира со разни парчиња. Во понудата има и бели чизми до глужд кои лесно би се комплетирале со бел џемпер и миди здолниште, а доколку сакате детали, тогаш сигурно би биле воодушевени од чизмите со дебели синџири. Во продолжение, погледнете ја понудата на модниот бренд и изберете го вашиот омилен модел.

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Модни додатоци