Почина ко-создавачот на „Симпсонови“

10 март 2015

54fe261b55a38

Легендарниот Сем Сајмон (59), ко-авторот на популарниот анимиран серијал „Симпсонови“, вчера ја изгуби долгата битка со тешката болест.

Имено, Сајмон како пренесуваат странските медиуми, починал во својот дом во Лос Анџелес, а боледуваше од рак на дебело црево.

Освен како еден од авторите на познатата серија, Сем беше познат и по тоа што голем дел од неговото богатство го раздели, откако во 2012 година дозна дека боледува од неизлечлив облик на рак.

Голем дел од парите ги намени за заштита на животните. Во 2002 година ја основаше и фондацијата „Сем Сајмон“, која беше посветена токму на спасување на кучињаа и нивно обучување за помош на лица со посебни потреби.

Минатата година го купи бикот Бенџи, наменет за оплодување во Ирска и осуден на смрт, поради својата хомосексуална ориентација. Сајмон плати 6.200 евра за животното да биде безбедно префрлено во еден резерват во Англија.

Создавачите на Симпсонови Создавачите на Симпсонови

Инаку, после работата на сериите Taxi, Cheers и The Tracey Ullman Show, во 1989-тата година се приклучи кон тимот на „Симпсонови“ и со својата креативност им помогна на Мет Гронинг и Џејмс Л. Брукс го птопомогна лансирањето на цртаната серија.

Тој е автор на десетина епизоди и „Симпсонови“ ги напушти после четири години, но и покрај тоа годишно на неговата сметка пристигнуваа околу 30 милиони долари, бидејќи спогодбата што ја потпишал со договорот му овозможила и дел од идната заработувачка.

Инаку, Сајмон не беше само писател во серијата, туку и режисер и продуцент, а како таков освои дури девет Еми-ja како и други бројни награди.

750042_602i

Светот несомнено ќе го памети по неговиот беспрекорен хумор и храброста со која се бореше против болеста.

Објавено:
10 март 2015
Категорија: 
Сцена