Веднаш штом ќе се спомене името на овој бренд, знаеме дека станува збор за парчиња што девојките ќе ги обожаваат.
Тимот дизајнери на брендот создадоа навистина прекрасни фустани за оваа пролет и истите ги сместија во нивната актуелна понуда.
Станува збор за фустани за сечиј вкус, почнувајќи од цветни бохо парчиња, па сѐ до класични фустани од лесни плетки и нежни памучни за секој ден.
Сите фустани од понудата на брендот се направени од супер материјали во кои ќе се чувствувате удобно во текот на целиот ден, а истовремено се неверојатно модерни и лежерни.
Како и во речиси сите колекции оваа пролет, така и кај нивната и повеќе од видливо е присуството на стилот од 70 – тите што полека, но сигурно сите ги обзема.
Иако времето е навистина променливо, додека сме во исчекување на сонце вистинско време е да почнеме со подготовки за пролетен шопинг.