Како го комбинираме омилениот „слип“ фустан во 20 есенски аутфити

2 ноември 2020

Слоевитото облекување карактеристично за овој период од годината, дозволува во нашите секојдневни комбинации да вметнуваме парчиња специфични за различни сезони од годината.

Така, воопшто не е изненадува тоа што на многумина омилениот „слип" фустан, често има свое место во актуелните есенски комбинации што ги гледаме во уличната мода.

Иако е типично летно парче облека, сепак со умешно имплементирање во слоевити стајлинзи, ќе добиете естетски привлечен изглед што истовремено е и топол и удобен.

Земајќи ги предвид тенденциите што ги наметнува уличната мода, оваа есен „слип" фустаните се совршен пар со топлите плетени џемпери, кардигани, блејзери и капути.

Исто така, на овој пар може да додадеме и елегантна кошула или ролка што може да ги облечеме под фустанот, па да постигнеме уште потопол ефект.

Одбравме 20 примери од навистина богатиот избор на можности како да ги комбинирате.

Фото: Пинтерест

Објавено:
2 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.069 пати