Тренд за ова лето: Торбички со топчиња и сламена ретро естетика

27 јуни 2022

 

Модата отсекогаш била незапирлива река која непрестано тече и трансформира сè околу себе. Па така, секоја сезона сме возбудени за новите модни трендови кои испливуваат на површина, или пак со нетрпение чекаме да видиме кој ретро стил ќе добие нов живот.

Она што е карактеристично за трендовите во последно време е тоа што доминира природниот материјал како што е ленот (особено бојадисаниот лен), како и рачните изработки. А во светот на чантите, веќе се крева прашина околу рачно изработените чанти, како оние со топчиња или пак сламени торби со ретро естетика. Па, доколку целите кон тоа да бидете уникатни ова лето, одлучете се за некое парче од овој тренд на мини чантички.

Фото: jurnal.hr

Иако станува збор за моден детаљ кој не успева да го најде своето место во сечиј гардеробер, сепак гледаме како модните куќи се натпреваруваат чиј модел на торбичка со топчиња ќе биде попопуларен. Наедно, гледаме дека сламените ретро чантички кои беа хит во деведесеттите се враќаат со полна пареа.

Тајната во успешно комбинирање на вакви специфични модели е избор на храбри боја и дизајн кој совршено ќе се истакне во комбинација со едноставни и тренди парчиња облека, како долг бел фустан или ленени бермуди со бела блуза во жешките летни денови, или пак тренди фустан и сандали со потпетици за свечена вечера.

Ова се неколку примери кои ги одвоивме како највпечатливи:

Фото: jurnal.hr

Фото: jurnal.hr

 

Фото: jurnal.hr

Фото: jurnal.hr

Фото: jurnal.hr

Фото: jurnal.hr

 

Објавено:
27 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
314 пати