Женски феномен:„ Купувам два броја помали фармерки, бидејќи ќе ослабам“

28 ноември 2013

 

Жените навистина тешко го прифаќаат фактот дека се здебелиле за неколку килограми. Изненадувачки е податокот дека дури 42 проценти од припадничките на женскиот пол упорно купуваат или носат фармерки кои се со еден или два броја помали од нивната вистинска големина.

 

 

Неодамна се спровело истражување во кое учество земале 1000 жени и резултатот бил навистина интересен. Секоја деветта жена носи фармерки барем еднаш неделно, а половина од учесничките признале дека во својот плакар чуваат барем еден пар фармерки кои не ги носат поради тоа што се мал број, но сепак не ги тргаат настрана бидејќи се надеваат дека ќе ослабат.

 

 

Исто така во крајниот исход од истражувањето стои дека дури 58 проценти од жените многу тешко наоѓаат модел на фармерки кои им одговараат на фигурата, но таа вистина не ги спречува да купат друг пар кој можеби и никогаш нема да го облечат, што е апсурдно.

 

 

 

 

Иако фармерките важат за моден императив, голем број жени не сакаат да издвојат голема сума пари за да си дозволат идеален модел џинс во нивниот плакар, бидејќи сметаат дека ова парче спаѓа во групата на секојдневна облека и не е луксуз за кој вреди да се потроши нешто повеќе од вообичаено. Просечна жена во својот гардеробер со сигурност има барем еден модел на фармерки кои се постари од 5 години, а секоја петта има пар џинс кој купен од пред 10 години. Меѓутоа, токму поради фактот што ова парче е дел од нашето секојдневие, размислете дали не вреди сепак да купите квалитетен џинс кој ќе го носите подолго време.

Објавено:
28 ноември 2013
Категорија: 
Тренд