Репорт од зад сцената на Хрватската модна недела

22 октомври 2013

Шест дизајнерски имиња ја одбележаа третата вечер на Perwoll FASHION.HR, а секој од нив со своја визија во поглед на шминката и фризурата, ги надополни своите дизајнерски парчиња. Почнувајќи од модерниот „мокар“ изглед на Ана Марија Рицов, преку црвените  smokey eyes техники на Александра Жаревац, па се до екстраваганцијата на Ивица Скоке, бекстејџот вчера беше место каде се ткаеа многу инспиративни изгледи.

 

 

Еден од највпечатливите, а истовремено тренди изглед е едноставната мокра коса во комбинација со транспарентна шминка, метализирана сјајна пудра и сјајни усни. Следниот изглед се сведува на едноставност во поглед на фризурата која е рамна со патец на средина и црвен smokey eye поглед. Бидејќи имаме нагласување на очите усните остануваат во мат нијанса без да им се стави акцент.

 

Најголем впечаток остави изгледот на мажите кои одлично се снајдоа во улога на руски богаташи и мачо заводници. За да го постигнат овој впечаток нивните фризури беа совршени измазнети и залижани, а лицата чисти со тенки мустаќи.

 

 

Следниот круг повторно продолжува со жените. Високо подигнатите коси повторно во тренд во комбинација со геометриска прецизна шминка во сина боја која е аплицирана високо над капакот на окото, малку руменило и гротескни усни во вино боја. Слична визија како онаа на Шанел.

 

 

Не заостанаа ниту локните кои беа подигнати во слатки опавчиња само на едната страна од главата, придружувани од мрежа за на глава која на самиот изглед му дава  драматичност и неконвенционалност. Очите се во жолто-портокалова боја, нагласени трепки и црвен кармин.

 

 

Зебрастиот  ефект пропратен со нагласени трепки, руменило и темни сјајни усни во стилот на 80-тите едноставно воодушевуваше.

 

 

А, за крај романтични женствени фризури во духот на 90-тите искомбинирани со златно-бакарен make up нагласени трепки и црвен кармин.

 

 

Ова е репортот од зад сцената на актуелната модна недела во Хрватска.

 

 

 

Ова се тенденциите кои според Хрватите ќе ја одбележат сезонава, ние со нетрпение очекуваме веќе утре да видиме кои трендови за најактуелни ги одбрале македонските дизајнери, а до тогаш погледнете  ја целосната галерија со изгледи:

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Убавина