Мат црвени усни, многу руменило, smokey eyes во сиви нијанси, портокалови нијанси... оваа есен дефинитивно ќе помине во знакот на vamp изгледот.
Додека во модата најголемо влијание имаа 70 – тите и 80 – тите, во светот на убавината најголемо влијание се чини дека ќе имаат 90 – тите.
Она што нам особено ни се допаѓа е нагласокот само на еден дел од лицето, односно целосен акцент само на црвените усни или пак очите со црна сенка.
За што е можно поприроден изглед, обидете се да не ги комбинирате овие два стила со оглед на тоа што во светот сѐ повеќе е обожуван природниот изглед.
Оваа есен не двоумете се да ставите црвен кармин и преку ден за дополнителна топлина и свежина на секоја ваша комбинација, а сенките и моливчињата за очи оставете ги за вечерните излегувања.